ТВ21: Бизнисмен организирал средба на Заев и Ахмети, но еден од нив не дошол

ТВ21 објави дека бизнисмен-етнички Албанец организирал средба помеѓу лидерите на СДСМ и ДУИ – Зоран Заев и Али Ахмети, во обид да се расчистат последните дилеми пред формирањето на Владата, но дека таа не успеала, затоа што едниот од нив наместо да дојде тој самиот го испратил потпретседателот на партијата.

Телевизијата од свои извори дознава дека нема финален договор за премиер Албанец, но паралелно се размислува и како договорот да се промовира во јавноста доколку евентуално страните постигнат договор.

Официјално, СДСМ и ДУИ тврдат дека продолжуваат консултациите, односно дека се работи на програмите, кадровските решенија и поделбата на одговорностите