12.8 C
Skopje
вторник, април 23, 2024

Ранетиот Беља барал средба со градоначланикот на Чаир поради запрена плата

Како што неофицијално дознава телевизијата ТВ21, Ваљон Беља му се јавил на градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, со кого побарал да оствари средба во Топанско поле, кај маркетот „Принц“ на улицата „Лазо Трповски“

МВР го потврди вооружениот инцидент велејќи дека едно лице е повредено во ногата откако било пукано од огнено оружје. Беља е подложен за оперативен зафат поради потешка повреда на потколеницата, но ранетиот е надвор од животна опасност.

Според првичните информации на полицијата вооружениот напад се случил околу 17,45 часот на улицата „Лазо Трповски“ при што било пукано во 40-годипниот В.Б  од Скопје во пределот на десната потколеница. неофицијално, во него пукало лице кое било заедно со Е.Х., Е.Е. и Р.Н. повредениот В.Б е пренесен во Гратската општа болница ’Свети Наум Охридски’ се наведува во соопштението на Министерствот за внатрешни работи.

Од МВР велат дека работат на расчистување на случајот, но повеќе детали ќе бидат познати по завршувањето на увидот.

Повеќе медиуми објавија дека повредениот е Ваљон Беља од ДУИ кој пред неколку месеци беше поставен за нов економски директор на Клиниката за гинекологија. На пошироката јавност и’ стана познат  откако во 2016 година се појавија информации дека му се заканувал на поранешниот градоначалник на Чаир, Изет Меџити, и му испратил куршум во салфета како закана за неговото барање да биде поставен за директор на пензискиот фонд.

Беља пред неколку месеци беше поставен на функцијата од редовите на ДУИ, а претходно беше член на невладината организација Реалитети. Во 2010 стана лидер на партијата Албански сојуз, а подоцна оваа партија се спои со ДПА на Мендух Тачи, каде Беља беше потпретседател. Откако се повлече од ДПА, Беља беше претепан во скопско Кондово од група
непознати напаѓачи, по што заврши на Ургентниот центар.

По преминувањето во ДУИ, во јуни 2016, следуваше инцидентот со градоначалникот Изет Меџити. Беља бил приведен во полиција па пуштен. Тврдел дека некој го мести. МВР му поднела пријава за загрозување на безбедноста, а за тој случај уште нема завршница.