Твитер ќе се бори против дезинформации на изборите во САД во 2020 година

Социјалната мрежа Твитер синоќа објави дека активира алатка за борба против дезинформации на претседателските избори во САД во 2020 година.

– Активираме алатка за клучните моменти на американските избори 2020 година, која ќе им овозможи на луѓето да пријават информации кои водат во заблуда како да се учествува во изборите или други граѓански настани, се вели во соопштението на Твитер.

Лани во октомври, основачот на социјалната мрежа, Џек Дорси изјави дека компанијата забранува секаква политичка реклама на својата мрежа.

– Ние донесовме решение да запреме со политичка реклама на Твитер низ целиот свет. Наше убедување е дека ширењето политички идеи треба да се заслужи а не купува, соопшти тогаш Дорси.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.