Твитер го ограничи пристапот до профилот на Доналд Трамп Јуниор

Корпорацијата „Твитер“ денеска соопшти дека го ограничила пристапот на Доналд Трамп Јуниор на корисничкиот профил на 12 часа, откако негова објава ја нарушила политиката за дезинформации за Ковид-19.

Најстариот син на американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот објави видео во кое лекари разговараат за лекот хидроксихлорокин, кое компанијата го отстрани заради кршење на правилата за дезинформации за Ковид-19, објави „Ројтерс“.