„Твитер“ се враќа во Турција, Ердоган не ја почитува одлуката на судот

Турскиот премиер, Реџеп Таип Ердоган, ја критикувал одлуката на Уставниот суд да ја укине забраната за пристап на „Твитер“, која што тој претходно ја наложи.

„Секако мора да ја спроведеме одлуката на Уставниот суд, но јас не ја почитувам“, рекол Ердоган.

Тој оценил декла одлуката на судот ги крши „националните вредности“ на неговата земја.

„Нашите национални, морални вредност се погазени“, оценил Ердоган.

Највисоката турска судска инстанца оценила дека забраната за пристап на социјалната мрежа „Твитер“ е нелегална.

Турската управа за телекомуникации го блокираше пристапот на „Твитер“ од 20-ти до 21-ви март по налог на Ердоган кој бил бесен поради објавување на снимените телефонски разговори објавени на Интернет.

Оваа одлука предизвика лавина реакции во Турција и во странство со осуда за турските власти дека се авторитарни.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.