Твитер за означувањето на медиумите во Србија: Важно е корисниците да знаат кога владата ги контролира медиумите

Социјалната мрежа Твитер денеска соопшти дека е важно за таа социјална мрежа, нејзините корисници да знаат, кога владата финансиски и уредувачки ги контролира медиумите.

Ова соопштение Твитер го даде откако неодамна посочи неколку српски медиуми како медиуми кои соработуваат со Владата на Србија“, и учествуваат во спроведувањето на цензура,

Пред неколку дена, Твитер на својата платформа ги посочи Радио Телевизија на Србија (РТС), Радио Телевизија Војводина, дневниот весник Политика, агенцијата Танјуг, Б92, ТВ Прва, ТВ Пинк, ТВ Хепи, и веснниците и порталите Курир и Информер со ознака: „Медиуми што соработува со Владата на Србија “.

Во својот одговор даден за порталот „Истиномер,“ компанијата Твирер соопшти дека прави разлика помеѓу јавно финансирани и државно контролирани медиуми и дека нивниот „фокус е да се етикетираат медиумите контролирани од државата кои не се ослободени од политичко мешање и притисок од владата“.

Тие додаваат дека ги дефинираат медиумите поврзани со државата како „медиуми во кои државата контролира уредувачка содржина преку финансиски средства, директни или индиректни политички притисоци и контролира производство и дистрибуција“.

“Сметаме дека е важно луѓето на Твитер да знаат кога владата ги контролира медиумите и финансиски и уредувачки.

Оваа контрола може да се направи или преку самоцензура или преку објавување на информации според владината директива. Ние нема да објавиме список на сите налози со цел да се избегне таквото обележување, и за да не им овозможиме на истите држави да го заобиколат системот со отворање нови налози “, се вели во одговорот на компанијата.

Од компанијата , изјавија дека се консултирале „со голем број ззаинтересирани страни, вклучително и академици и истражувачи, граѓанското општество, владата , професионалните организации и оние што ја користат нивната услуга“ и дека, според нивното мислење, таквото обележување на нарачките е „ефективно, бидејќи им обезбедува на корисниците контекст и информации за потеклото на нарачката и нејзината потенцијална намера “.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.