Твитот на Османи против Русија значи вакцини ќе добиеме на „Свети Трајче“

Во конфликтот помеѓу САД и Русија се вклучи и министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Тој на Твитер напиша дека Македонија ќе се солидаризира со санкциите на САД.

-Македонија во целост ги поддржува и се солидализира со санкциите на САД, како одговор на Руските дестаблизирачки акции протива САД и нејзините сојузници. Подобрување на заедничката безбедност е наша цел, пишува Османи.

Османи набрзо доби одговор на неговиот Твит од руската амбасада која со сериозен дипломатски тон напомена дека декларативните изјави за продлабочување на соработката помеѓу двете земји не кореспондираат со македонските политиките, напоменувајќи дека двете држави имаат заеднички закани и предизвици, веројатно посочувајќи ја пандемијата на коронавирус.

-Ќе ја имаме во предвид македонската солидарност која се базира на недокажани наводи за руски активности. Веруваме дека приоритетите треба да рефлектираат и да кореспондираат со заедничките закани и предизвици. Вакви изјави нималку не помагаат во јавните заложби на Македонија да ги подобри односите од заеднички интерес со Русија, одговорија од амбасадата.