Twitter ги затвори профилите кои ги пренесуваа пораките на Трамп кого доживотно го исклучи од мрежата

Мрежата за мигроблогирање Twitter оваа седмица затворил неколку профили чијашто намера е да ги пренесуваат пораките на поранешниот американски претседател Доналд Трамп кој во јануари беше засекогаш исклучен од неговата омилена платформа за обраќање до своите приврзаници.

Социјалната мрежа во четвртокот потврди дека интервенирала потит профилите по написите во американските медиуми за тие профили кои пеземале објави од блогот на републиканскиот политичар под написот „From the desk of Donald Trump” (Од кабинетот на Доналд Трамп).

Поанешниот претедател во јануари беше исклучен од Twitter под недокажаното обвениение дека наводно ги поттикнувал своите приврзаници кои во огромна бројка на 6-ти јануари упаднаа на вашингтонски Капитол Хил за да го спречат потврдувањето на демократскиот кандидат Џо Бајден за победник на претседателските избори на 3-ти ноември, бидејќи мнозинството американски конзервативци сметаат дека е украден победата на републиканецот Трамп.

„Како што бараат нашите правила за обидите за заобиколување на забраната, донесовме мерки против профили чијашто намера очигледно беше да ги замената и промовираат содржините поврзани со забранет профил“, се наведува во образложението на портпаролот нa Twitter.

Платформата прво привремено ги затвори профилот на поранешниот претседател, а потоа и „трајно ја продолжи санкцијата“,

Џек Дорси, основач и сопственик на Twitter, се бранеше на својот профил. Според него, ова е „добра“ одлика којашто сепак значи „порази во промовирањето на здрава комуникација.

Најголемите социјални мрежи донесоа слични мерки, но сѐ уште не се решија дали се приврмени или конечни. Од YouTube (Google) истакнаа дека очекуваат дека „опасноста од насилство ќе се намали“.

Во Facebook својата одлука му ја препуштија на својот Надзорен одбор, но ова новоформирано тело ја врати топката повикувајќи ја компанитаја за шест месеци да реши за тоа дали Доналд Трамп да се врати на мрежата и кога. Меѓународни членови на овој своевиден Врховен суд на Facebook сепак приознаа дека засега не е најдобро поранешниот претседател да биде исклучен,

Кон крајот на јануари годинава главните европски политичари, како германската канеларка Ангела Меркел и целиот француски политички врв, иако имаа доста непријатности во мандатот на Доналд Трамп во односите со него, сепак застанаа на страната на поранешниот претседател на САД.

Тие посочија дека „законодавците а не приватните компании би требало да одлучуваат за ограничување на слободата на изразувањата“ и порачаа дека за „регулирањето на дигиталните гиганти не може да биде одговорна само дигиталната олигархија“.

Забранија за Трамп за користењето на нивните платформи од страна на гоелмите социјални мрежи дел од американската јавност го смета и за своевидна одмазда на технолошките гиганти во САД поради истрагата од страна на администрацијата на Трамп за нивната преголема доминација на пазарот и можното нарушување на прописите за спречување монополски позиции на пазарот. Во Европа, пак, не ретко се повикува на „разбивање“ на некои од овие големи компании кои заеднички се препознаваат под акронимот GAFA (Google, Apple, Facebook, Amazon), поради нивната „закана за демократијата“.

Доналд Трамп пред забраната имаше речиси 89 следбеници на Twitter, 35 милиони на Facebook и 24 милиони на Instragram.