Twitter го блокираше акаунтот на руската делегација на преговорите во Виена

Официјалниот акаунт на Twitter на руската делегацијата на разговорите за безбедноста и контрола на вооружувањето во Виена е блокиран во средата, објави шефот на делегацијата дипломатот Константин Гаврилов.

„Кои се причините? Алтернативната позиција на Русија во процената на моменталната политичка состојба во Европа, изразена на семинарот на ОБСЕ за воените доктрини? Блокирањето на официјалните акаунти коишто ја одразуваат официјалната принципиелна позиција на одредена земја е јасна цензура“, напиша Гаврилов на својот личен профил на Twitter.

При обид да се мине на споменатиот акаунт, поставена е објава дека тој е суспендиран, појаснува агенцијата РИА. Гаврилов, пак, истакнал дека во текот на блокирањето, сите информации ќе бидат објавени на неговата лична сметка.

Администраторите на најголемите социјални мрежи Facebook и Twitter редовно ги блокираат корисниците. Така Twitter трајно го блокираше акаунтот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, откако челниците на социјалната мрежа го обвинја за поттикнување на насилставата при упадот на Капитол на 6-ти јануари.

Од неодамна на социјалните мрежи се блокирани и руските јавни личности бизнисменот Евгениј Прогожин и челникот на руската агенција за вселенски истражувања Роскосмос, Дмитриј Рогозин. Компанијата „Конкорд“, кога е во сопственост на Пригожини објави дека тоа е во врска со неговата критика на актуелниот американски претседател Џо Бајден. Рогозин, пак, беше привремено блокиран откако ги критикуваше изјавите на поранешниот американски амбасадор во Москва, Мајкл Мекфол.

Како одговор на зачестените обиди за блокирање на профилите на руските политичари и јавни личности на социјалните мрежи, руските сенатрои подготвуваат состем на казни за интернет гигантите за незеконски ограничувања на активностите на корисниците на мрежата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.