Њујорчаните без маска ќе плаќаат казни

Градските власти на Њујорк ќе воведат казни за сите кои не носат маски, додека бројот на позитивно тестираните на коронавирусот се зголемува над 3 отсто првпат по повеќе месеци, предупреди во вторникот њујоршкиот градоначалник Бил де Блазио.

Освен во Њујорк, во уште 28 сојузни држави зебележан е зголемен број заразени во последните две седмици, како и пораст на хоспитализирањата поради Covid-19 во неколку држави на Средниот запад на САД.

Њујоршките полицајци прво ќе им понудат бесплатни заштитни маски на оние кои ќе ги најдат без маски во јавноста. Ако лицето одбие, ќе добие казна, изјави де Блазио за медиумите.

„Не сакаме да ги казнуваме луѓето, но доколку мораме ќе казнуваме“, додал њујоршкиот градоначалник. Казните ќе ги спроведуваат, меѓу другите, и градската полиција и службеници во министерството за здравство.

Казните ќе бидат до 1.000 долари, иако повеќето нема да надминуват 500 долари, напишал портпаролот на градоначалникот Мич Шварц во мејл до медиумите.

Одбил да одговори дали казните мерки ќе се исто ќе се спроведуваат и кон припадници на њујоршката градска полиција, откако во медиумите се појавија многу снимки на полицајци без заштитни маски, и покрај препораката на градоначалникот.

Слични одредби претходно во септември вовдде и државната управа за градски транспорт според која патници кои одбиваат да носат маска во јавниот сообраќај плаќаат казна од 50 долари.

Градската стапка на позитивните на коронаиврусот во Њујорк е 3,25 отсто, посред прелиминарните податоци, и е првпат повисока од 3 процента од јуни. Во април, кога градот беше глобално жариште на пандемијата, секој дена имаше повеќе од 5.000 позитивни потврдено со тестовите, во споредба со неколкуте стотици сега кога тестирањето е пораспространето.