Њујорк го легализираше сладоледот со алкохол

Гувернерот на американската сојузна држава Њујорк го потпиша законот со кој се дозволува производството на сладолед со дадатоци од алкохолни пијалаци, пренесува портатлот Travel and Leisure.

Пред две години гувернерот Ендрју Коумо го одобри производството на сладолед со пиво и јаболковача. Сега, пак, во деликатесот може да се додава и алкохол.

Властите веруваат дека законот ќе ги стимулира малите бизниси, овозможувајќи им на њујоршките фармери, на производителите на домашни пијалаци и млечни производи да ја задоволат побарувачката на потрошувачите.

Според прописите, сладоледот не смее да содржи повеќе од пет проценти алкохол. Ваквиот десерт, исто така, не може да го консумираат лица помлади од 21 година.

Производителите на сладолед велат дека комбинацијата од жестоки алкохоли и засладен сладолед отвора огромна палета вкусови, и исто така има многу простор за импровизација. Покрај, пивскиот и сладоледот со јаболковача, сега се нудат и винскиот сладолед и варијантата со јаворов бурбон.