21.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Њујорк го укина полицискиот час

Градоначалникот на Њујорк Бил де Блазио денес го укина полицискиот час во градот, еден ден пред предвиденото.

Најавил и дека во градот утре почнува првата фаза од повторното отворање по рестриктивните мерки воведени заради сузбивање на епидемијата на коронавирусот.

Полицискиот час бил воведен заради насилството, крадењето и оштетувањето на имотите во текот на протестите заради убиството на Џорџ Флојд.

„Го укинуваме полицискиот час, одлуката стапува на сила веднаш. Вчера и во претходната ноќ го видовме најдоброто лице на нашиот град“, навел Де Блазио на Твитер.

Тој најавил дека утре е „првиот голем чекот кон ресетирањето“  а граѓаните ги повикал да водат сметка за себе и за другите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.