Њујорк Никс со негатива од 25 до триумф над Бостон Селтикс

Кошаркарите на Њујорк Никс пред својата публика изојуваа голема победа над Бостон Селтикс (108-105), во натпревар во кој домаќините направија сензационален пресврт и од негатива од 25 поени успеаја да ги израдуваат своите фанови.

Џеј Берет во „Медисон Сквер Гарден“ го заврши со 13 поени, а предводник на Никси на овој меч беше францускиот ас Еван Фурние со 41 поен и 10 тројки (рекордни за него во НБА кариерата). Во редовите на поразениот тим се истакна Татум со 36 поени.

Екипата на Голден Стејт Вориорс забележа нов пораз и тоа неочекуван од еден од најслабите тимови во Западната конференција. Кошаркарите на Њу Орлеанс Пеликанс со 101-96 го совладаа големиот фаворит и ја запишаа својата 14-та овосезонска победа во елитата.

На останатите натпревари од НБА програмата Мемфис славеше убедлива победа над Детроит (118-88), додека Феникс Санс му нанесе пораз на Лос Анџелес Клиперс (106-89).