„Њујорк тајмс“: Ексминистер од Македонија поврзан со милионска зделка за набавка на заштитни маски

Продавач на половни автомобили,шеф на јавно трговско друштво и поранешниот македонски министер за странски инвестиции, Глигор Ташковиќ, биле дел од шемата за набавка на заштитни маски – договор вреден 45 милиони американски долари, пишува Њујорк Тајмс.

Според весникот, овој невообичаен спој на луѓе биле вмешани во повеќемилионска шема за набавка на неопходната заштитна опрема во текот на смртносната пандемија корона вирус.

58 годишниот Роналд Романо, бил уапсен во својата куќа и обвинет е за обидот за профитирање од кризата со корона вирусот во Њу Јорк, затоа што лажно се претставувал како доставувач на заштитните медицински маски за здравтвените работници кои ги нудел по цена за 400-тини отсто повисока д вообичаената.

Ташковиќ, според Њу Јорк Тајмс, имал разговори со уапсениот Романо за продажба на заштитните маски.

На 24-ти Март, тој во електронска пошта до Романо насловена „Мисли за нарачката за Њујорк”, без да прецизира за што зборува, споменува некаков таен состанок кој би овозможил приоритет да добие понудата на сега веќе уапсеното лице.

Адвокатот на Ташковиќ, тврди дека неговиот клиент не е дел од никаква измама и се дистанцирал од договорот уште пред да се разменат средства кога Романо одбил да ги достави бараните информации.