„Њујорк тајмс“: Грција во таен камп ги држи мигрантите пред да ги врати во Турција

Грција има „таен“ притвор на границата со Турција, во кој, пред да ги врати, ги држи мигрантите кои пристигнаа на нејзина територија по одлуката на Турција да ја отвори својата граница, објави денеска „Њујорк тајмс“.

– Центарот е една од тактиките со кои Грција се користи за да се спречи појавување на мигрантската криза од 2015 година, наведува весникот.

„Њујорк тајмс“ истакна дека сателитските снимки го потврдија постоењето на камп по разговорот со Сириец, кој се вратил од Турција и тврдел дека бил претворен во близина на селото Порос, североисточна Грција.

Атина постојано демантира дека мигрантите дека ги враќа во Турција.