Њујорк воведува електрични велосипеди за достава

107

Властите во Њујорк неделава објавија план за воведување електрични товарни велосипеди коишто треба да ги заменат возилата за достава кои ја загадуваат околината.

Доставните претпријатија на Амазон, УПС и ДХЛ ќе ја поддржат шестмесечната пробна програма на њујоршкиот Оддел за сообраќај, и тоа онаму каде што е најфреквентно, пишува „Њујорк тајмс“.

Други поголеми градови, како Париз, Лондон и Хамбург веќе имаат воведено електровелосипеди за достава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.