Њујорк воведува задолжително вакцинирање за учителите во јавните училишта

Учителите и другите вработени во јавните училишта во американската метропола Њујорк ќе мора да бидат вакцинирани против Covid-19, изјави во понеделникот градоначалникот Бил де Блазио а градските власти настојуваат да вакцинираат што повеќе жители за да се забави ширењето на многу позаразната делта варијанта на коронавирусот.

„Њујоршкиот оддел за јавно здравство ќе издаде наредба со којашто ги обврзува сите 148.000 вработени во најголемиот американски училишен округ до 27-ти септември примат барем една доза од вакцината. Сакаме нашите училишта да бидат извонредно безбедни целата година“, изјави Блазио на прес-конференција.

Во Њујорк училишната година започнува на 13-ти септември. Вработените во училиштата во Чикаго, Лос Анџелес и државата Вашингтон, исто така, добиле наредба да се вакцинираат.

Мејша Портер, управителка на јавните училишта во Њујорк, изјави дека барем 63 отсто опд вработените се вакцинирани против Covid-19.

Претходно во август, властите во Њујорк наложија да се бара доказ за вакцинација против коронаворусот во рестораните, вежбалните и другите сектори. Оваа одлука предизвика незадоволство на сопствениците на некои дуќани и на ќителите кои го тужеа градоначалникот де Блазио.

Се смета дека последната директива за образованието би можела да предизвика отпор кај моќните синдикати кои ги застапуваат њујоршките учители и училишниот персонал.

Мајкл Малгру, претседател на Обединетата федерација на учителите (UFT) порача дека приоритет на синдикатите е децата да бидат безбедни и училиштата да бидат отворени. Но во соопштението за медиумите додава дека „има многу поединостите во спроведувањето, вклучително и одредбите за здравствените исклучоци, кои законски мора да бидат договорени со UFT и другите синдикати и, доколку е потребно, да бидат решени со договор“.

Напорите да се зголемат стапките на вакцинираните и да се преминат мерките за јавната заштита, како што се носењето маски во училиштатата наидоа на остро спротиставвуање во некои делови од САД, особено во јужните сојузни држави а кои се тешко погодени од делта варијантата на вирусот.

На Флорида некои училишни окрузи се спротиставија на одликата на републиканскиот сенатор Дон Десантис кој на јавните училишта им забрани од учениците да бараат носење маски и сега им се заканува прекин на јавното финансирање.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.