Њу Орлеанс го порази Феникс, Мајами и Мемфис победија на домашен терен (ВИДЕО)

Феникс како најдобар во регуларниот дел од сезоната е голем фаворит против Њу Орлеанс, но синоќа беа поразени на свој терен со 125-114.
Клучна беше третата четвртина која Њу Орлеанс ја доби со 34-22, во неа се повреди и Букер кој не влезе до крајот на мечот.
Букер и покрај тоа што на теренот помина само 24 минути, беше најефикасен кај Феникс постигнувајќи 31 поен. Најдобар кај Њу Орлеанс и воопшто на мечот беше Инграм со 37 поени, 11 скокови и девет асистенции, одличен беше и Мекалум со 23 поени, осум скока и девет асистенции.
Мемфис не дозволи и втор пораз на свој терен од Минесота, победи убедливо со 124-96 и израмни на 1-1 во серијата.
Морант со 23 поени, 10 асистенции и девет скокови беше најдобар. Кај Минесота, Едвардс реализираше 20 поени.
Мајами поведе со 2-0 против Атланта откако победи со 115-105. Батлер имаше фантастична поентерска ноќ постигнувајќи 45 поени, кај Атланта Богдановиќ даде 29, Тре Јанг 25.
Резултати:
Мајами – Атланта 115:105 (2-0)
Мемфис – Минесота 124:96 (1-1)
Феникс – Њу Орлеанс 114:125 (1-1)