Њу Орлеанс немаа решение за Дејвис и Џејмс, Харел во финишот го реши Мемфис

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс ноќта кон четвртокот ги совлада Њу Орлеанс ПЕликанссо 114:110.

Домаќините не успеаја да ги сопрат Ентони Дејвис кој постигна 41 поен и Леброн Џејмс кој средбата ја заврши со 29 поени и 11 асистенции.

Јута Џез беа поразени на гостувањето кај Индијана Пејсер со 102:121, за кои најдобар стрелец беше Бојан Богдановиќ со 30 коша, а го следепе Донован Мичел со 26 поени. Победниците ги предводеа ТиЏеј Ворен со 23 коша и Домантас Сабонис со исто толку поени и 12 скокови, а Маклколм Брогдон додаде 22 поени за четвртата последователна победа на Пејсерс.

Вашингтон Визардс со 140:132 ги победија Феникс Санс. Бредли Бил беше најдобар поединец кај победничката екипа со 35 коша, од кои четири „тројки“, а Томас Брајант додаде 23 поени со 9 скокови, чијашто најголема предност на дуелот изнесуваше 21 кош. Кај Феникс најдобар бепе Девин Букер кој мечот го заврши со 27 коша и осум асистенции.

Лос Анџелес Клиперс на гости со 121:119 ги надиграа Мемфис Гризлис, а Монтрезл Харел го постигна победничкиот кош на 2,3 секунди пред крајот. Тој го предводеше својот тим со 24 коша и 10 скокови, а 24 коша постигна и Лоу Вилијамс. Кај Мемфис најдобар бепе Јонас Валанциунас со 30 поени и 16 скокови.

Милвоки Бакс дома со 111:102 ги совладаа Атланта Хоукс, а најзаслужен за победата беше Јанис Антетокумпо кој стаса до својот 18-ти последователен „дабл-дабл“ од почетокот на сезоната со 30 коша и 10 скокови.

Минесота Тимбевовлвс на гости со 113:101 беше подобра од Сан Антонио Спарс, предводена до Ендрју Виганс со 26 коша и Карл-Ентони Тоунс со 23 поенил. Спарс, за кои ова беше четвртиот пораз во низа, ги водепе Ламаркус Олдриџ со 22 коша.

Орландо Меџикс со 116:104 беа подобри од домашните Кливленд Кавалирс. Победата на Орландо му ја обезбеди Евен Фурние со 30 поени, од кои 19 постигна во првото полувреме, а  кај Кливленд најдобар беше Колин Секстон со 20 поени.

 

РЕЗУЛТАТИ

Хјустон Рокитс – Мајами Хитс 117:108
Бостон Селтикс – Бруклин Нетс 121:110
Шарлот Хорнетс – Детроит Пистонс 102:101
Кливленд Кавалирс – Орландо Меџикс 104:116
Индијана Пејсерс – Јута Џез 121:102
Филаделфија 76ерс – Сакраменто Кингс 97:91
Торонто Рапторс – Њујорк Никс 126:98
Мемфис Гризлис – ЛА Клиперс 119:121
Милвоки Бакс – Атланта Хоукс 111:102
Сан Антонио Спарс – Минесота Тимбервулвс 101:113
Феникс Санс – Вашингтон Визардс 132:140
Њу Орлеанс Пеликанс – Лос Анџелес Лејкерс 110:114
Портланд Трејлер Блејзерс – Оклахома Сити Тандер 136:119
Голден Стејт Вориорс – Чикаго Булс 104:90

 

ТАБЕЛИ

ИСТОЧНА КОНФЕРЕЦИЈА

АТЛАНТСКА ДИВИЗИЈА

1. Бостон 13 4 .765 –
2. Торонто 13 4 .765 –
3. Филаделфија 12 6 .667 1 1/2
4. Бруклин 9 9 .500 4 1/2
5. Њујорк 4 14 .222 9 1/2

ЦЕНТРАЛНА ДИВИЗИЈА

1. Милвоки 15 3 .833 –
2. Индијана 11 6 .647 3 1/2
3. Детроит 6 12 .333 9
4. Чикаго 6 13 .316 9 1/2
5. Кливленд 5 13 .278 10

ЈУГОИСТОЧНА ДИВИЗИЈА

1. Мајами 12 5 .706 –
2. Орландо 7 10 .412 5
3. Вашингтон 6 10 .375 5 1/2
4. Шарлот 7 12 .368 6
5. Атланта 4 14 .222 8 1/2

 

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

СЕВЕРОЗАПАДНА ДИВИЗИЈА

1. Денвер 13 3 .813 –
2. Јута 11 7 .611 3
3. Минесота 10 8 .556 4
4. Портланд 7 12 .368 7 1/2
5. Оклахома Сити 6 11 .353 7 1/2

 

ПАЦИФИЧКА ДИВИЗИЈА

1. ЛА Лејкерс 16 2 .889 –
2. ЛА Клиперс 14 5 .737 2 1/2
3. Феникс 8 9 .471 7 1/2
4. Сакраменто 7 10 .412 8 1/2
5. Голден Стејт 4 15 .211 12 1/2

ЈУГОЗАПАДНА ДИВИЗИЈА

1. Хјустон 12 6 .667 –
2. Далас 11 6 .647 0 1/2
3. Њу Орлеанс 6 12 .333 6
4. Сан Антонио 6 13 .316 6 1/2
5. Мемфис 5 12 .294 6 1/2