Њујоршката берза минува на електронско тргување

Њујоршката берза New York Stock Exchange (NYSE) привремено ќе го затвори просторите во кои се тргува со акции и ќе мине на електронско тргување, за да го сопре ширењето на коронавирусот.

Се затвораат просториите на NYSE и NYSE American Options во Њујорк, како и на NYSE Arca Options во Сан Франциско.

Нема да има прекин во тргувањето и во регулаторниот надзор над сите хартии од вредност кои котираат на NYSE, се истакнува во соопштението на сопственикот на берзата компанијата „NYSE Intercontinental Exchange Inc“ (ICE).

„Иако одлучивме поради превентива да ги затвориме нашите канцеларии, и натаму цврство веруваме дека пазарите треба да остана отворени и достапни за вложувачите. Сите пазари на NYSE ќе продолжат со работа во вообичаеното време на тргување, и покрај затворањето на просториите“, истакнува во писмената изјава претедателката на њујоршката берза, Стејси Канингем.

Одлуката за минување на електронско тргување е донесена откако коронавирусот се прошири на сите 50 американски сојузни држави, со вкупно 6.500 потврдени случаи на зараза од кои 116 со смртен исход во САД. Во меѓувреме, градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио, рече дека разгледува воведување на карантин.