Њујоршката зоо-градина се извини за некогашното држење Африканец во кафез за мајмуни

Организацијата којашто управува со зоолошка градина во Њујорк, еден од најпознатите светски паркови за животинскиот свет, објави јавно извинување поради „незамисливи“ расистички постапки, на почетокот од минатиот кога таму бил во кафез држен млад црн маж од Африка.

Во 1906 година во зоолошката градина во Бронкс неколку денови во кафез за мајмуни бил држен домародец од Централна Африка, по име Ота Бенга.

„Во името на еднаквоста, транспарентноста и одговорноста за нашите постапки, мораме да ја преоцениме улогата на нашата организација во однос на расната неправедност“, го пренесува агенцијата Associated Press соопштението од четвртокот на Здружението за заштита на дивата природа (Wildlife Conservation Society – WCS), кое управува со спомената њујоршка зоолошка градина.

Како еден од примерите за расистичките постапки организацијата се осврнува на примерот со третманот на малиот Ота Бенга од племето Мбути, коешто живеело на територијата на сегашната Деморкатската Република Конго. На почетокот од септември 1906 година тој бил неколку држен во кафез за мајмуни и пуштен од таму дури по интервенција на црнокожи свештеници. Бенга потоа завршил во сиропиталиште, а потоа се преселил во градот Линчбург, во сојузната држава Вирџинија, каде работел во фабрика за тутун. Во 1916 година извршил самоубиство, како што забележуваат негови современици и историчари откако му била „одземено човечкото“ и бидејќи не можел д се врати дома“.

Организацијата основана во 1895 година како Њујоршко зоолошко здружение ги направи достапни преку интернет сите познати списи за Бенга, а исто така ги осуди „темелените на еугениката и на псевдонаучниот расизам, списите и филозифиите“ објавувани од двајца од нејзините основачи, Медисон Грант и Хенри Ферфилд Озборн Постариот.

Грант ја напишал жестоко критикуваната и озлогласена книга „Минувањето на големата раса“, со предговор на Озбор. Книгата е презентирана како доказ на одбраната на нацистичкиот докрот Карл Брандт, шеф на програмата за „евтаназија“ на Третиот Рајх, како и во судските процеси на другите обвинети во Нирнбершките судења по Втората светска војна. Брандт, кој истовремно бил и личен лекар на германскиот нацистички водач Адолф Хитлер, е осуден за воени злостроства во 1947 и погубен во 1948 година.

Како што изјавил за новинарите директорот на организацијата за зачувување на животнинскиот свет, Кристијан Самплелер, одлуката зоо-паркот јавно да се извини доаѓа под влијанието на масовните протести кои ги зафатија САД од крајот на мај, поради полициското убиство на афроамериканецот Џорџ Флојд во Минеаполис. Меѓутоа, многумина забележуваат дека извинувањето од страна на зоо-паркот во Бронкс доаѓа „предоцна“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.