Њујоршкиот градоначалник ја користел безбедносната служба за лични цели

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио, ги корсител ресурсите на безбедноста служба за лични цел, чиишто припадници помагале во преселувањето на неговата ќерка и го возеле неговиот син на фактулат, се наведува меѓу другото во извештајот на градскиот департмен за истраги пренсуваат во четвртокот американските медиуми.

„Користењето на комбето и помошта од службениците на њујоршката полиција во преселувањето на мебелот биле злоупотребени за лични цели“, се наведува во документот.

Според истрагата, градоначалникот Блазио, исто така, не успеал да надомести речиси 320.000 долари потрошени од градскиот буџет за осугурување на неговата лична безбедноста при патувања во текот на неуспешната претседателска кампања. Парите биле користени за плаќање летови, сместувања во хотели, за храна и за изнајмување автомобило за обезбедувањето.

Во извештајот не се наведува дали градоначалникот прекршил некои закони, туку се дава препорака да се спречи злоупотребата на безбедносните ресурси.

Според весникот The New York Times, службата за односи со јавноста на граданачалникот на Њујорк, во одговор на барањето за коментар по извештајот навела дека де Блазио и неговото семејство се воделе од етичките правил, а на наговите деца им била гарантира законска заштита од полицијата.

Прес-службата додала дека градските истражители не треба да одлучуваат како ќе се осигури безбедноста на градоначалникот и неговото семејство.