УЈП: Нема да има доцнење на поврат на ДДВ, единствено променета е само апликацијата

Од Ушравата за јавни приходи преку соопштение во јавноста ги демантираат последните натписи дека  со новите пресметки ќе има доцнење на повратот на ДДВ за граѓаните кои скенираат фискални сметки.

Единствената промена, според управата, е тоа што наместо досегашните 15 отсто од платениот ДДВ, ќе се враќа 20 проценти од оној за домашни производи и 10 од оној за странски производи.

„Управата за јавни приходи во ниту еден сегмент од текстот со кој најави дека брзо и ефикасно ја приспособи апликацијата МојДДВ преку која на граѓаните кои скенираат фискални сметки за купените македонски добра и услуги ќе им се изврши поврат во висина од 20%, а за останатите добра и услуги во висина од 10% од пресметаниот данок искажан во фискалната сметка, не најави дека ќе има доцнење во исплатата на повратот од Мој ДДВ за второто тримесечје“, гласи демантот на УЈП.

Од таму додаваат дека изнесените невистини ги сметаат како обид да се наруши имиџот на УЈП и истовремено јавноста да се револтира и да се доведе во заблуда со шпекулации и невистинити информации.