Уапсен 18 годишник поради сомнение за обљуба на малолетничка од Кичево

Полициски службеници од ОВР Кичево пред два дена го лишија од слобода А.В.(18) од Кичево.

Од СВР Охрид информираат дека тој е уапсен поради постоење основи на сомнение дека извршил обљуба врз малолетничка од Кичево.

Него му е одредена мерка притвор, по што бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор- Битола за издржување на мерката.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.