Уапсен Американец кој се заканувал дека ќе отсекува глави на сенатори

Судот во американската сојузна дражава Јута издал наредба за апсње маж кој е осомничен дека во последните 13 месеци повеќе од две илјади пати телефонски се јавил во Конгресот, и притоа се заканувал на пратениците, пишува во петокот весникот Salt Lake Tribune.

Според обвинителството, првата закана 54-годишниот Скот Брајан Хејвен ја упатил во мај 2018 година, кога се заканик дека ќе им ги отсече главите на двајца сенатори. Само тој ден осомниечниот, кој инаку претходно не е регистрриан во казненате евиденција, с јавил на Капитол Хил 32 пати. Имињата на сенаторите не се наведуваат, но весникот пишува дека Хејвен вкупно упатил закани за пет конргесмени, пет сенатори и за поранешниот државен секретар Џон Кери.

Мажот засега е обвинет за еден случај на закана по безбедноста и здравјето. За тоа му се заканува затворска казна и глоба од 250.000 долари.  Медиумите го опишуваат како конзервативец, кој им се заканувал на либералните политичари и се заканувал дека „работите ќе ги преземе во своите“ раце поради „заканите од демократските банди кон конзервативците“.

Судот во срадата утврдил дека приведениот во вторникот во неговиот дом во Кејсвил 32 километри северно од Солт Лејк Сити, осомничен претставува опасноста за заедницата и одлучил да го задржи во притвор до разгледување на случајот.