Уапсен бегалец од правдата, осуден за детска порнографија

Скопските полицијаци денеска уапсиле триесет и деветгодишен скопјанец, по кого МВР имало издадено централна потерница.

Според информацијата до јавноста на полицијата, денеска во 10 часот на улицата „Димо Хаџи Димов“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода И.П. (39).

По него се трагало врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од четири години, за сторено кривично дело по член 193 од Кривичниот законик, односно за производство и дистрибуција на детска порнографија.

Од МВР соопштуваат дека по приведувањето лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.