
Драган Симоновски, советник на Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, попладнево околу 16 часот бил приведен во полиција за под сомнение за поткуп, неофицијално дознава Нетпрес.
Симоновски, кој воедно е претседател на дисциплински комисии во министерството, а членувал и во повеќе комисии и важи за човек од доверба на Спасовски, се сомничи за злоупотреба на службена положба и овластување.
Се шпекулира дека акцијата за апсење ја спровел извесен Лазо Велковски, кој во септември 2016 година беше назначен за началник на СВР Скопје, а е познат во јавноста и како човекот кој пријави обид за атентат со пластично шише, а и како телохранител на Радмила Шекеринска.
Во истиот тој период, Драган Симоновски беше именуван за началник на Секторот за прикриени операции во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во Централните полициски служби во Бирото за јавна безбедност.
Симоновски имаше функции во МВР и во техничката влада.
Од МВР информираа дека по налог на ОЈО, денеска од слобода е лишен Д.С., вработен во кабинетот на министерот за внатрешни работи, под сомнение за сторено кривично дело по член 353 од КЗ “Злоупотреба на службена положба и овластување” .
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.