Уапсен Британец на преминот Долно Блаце

На граничен премин „Долно Блаце“, вчера во 11.30 часот, при влез во Македонија, уапсен е Т.M. (51) со место на живеење во Велика Британија поради тоа што при проверки било констатирано дека се наоѓа на „Стоп“ листата со мерка „Апси“ по барање на Интерпол.

Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Скопје за натамошна постапка.