Уапсен британски пратеник, седум години силувал и сексуално малтретирал жени

HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Неполн месец откако конзервативен пратеник во британскиот парламент поднесе оставка затоа што беше фатен како гледа порнографија во службени простории, нов скандал ја потресе институцијата. Сега друг конзервативен пратеник во британскиот парламент е уапсен под сомнение за силување и бројни случаи на сексуално вознемирување.

Скотланд Јард потврди дека маж на околу 50 години е уапсен под сомнение дека извршил кривични дела сексуален напад, силување и злоупотреба на службената положба додека бил на должност, пишува Skynews.

Ниту полицијата, ниту Конзервативната партија не го именуваа поединец, кој останува во притвор додека не заврши истрагата. Злосторствата траеле речиси седум години, помеѓу 2002 и 2009 година во Лондон, а британската полиција првпат доби официјален извештај за тоа во јануари 2020 година.

Според последните информации, неименуван претставник е пуштен од притвор откако му била платена кауцијата, јавува Би-Би-Си.
Синдикатот „Проспект“, кој претставува повеќе од 150.000 вработени во голем број британски индустрии, вклучително и парламентарци, рече дека е потребен построг одговор.

„Што треба да се случи за Парламентот да преземе одговорност за однесувањето на своите вработени и да ги суспендира членовите кои се под истрага за такви прекршоци?“, рече Гери Греам, заменик генерален секретар на синдикатот. „Парламентот ги има истите одговорности кон своите вработени како и секоја друго работно место и овие стандарди мора да се почитуваат“, додаде тој.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.