Уапсен директорот на Геронтолошкиот центар во Ниш

Припадниците на српското Министерството за внатрешни работи во Ниш, во соработка со разузнавачката Безбедоносно-информативната агенцијата (БИА) и Вишото јавно обвинителство во овој град, денеска го уапсија М.С. (47) од Ниш, под сомнение дека сторил кривично дело против здравјето на луѓето во врска со кривичното дело пренесување на заразна болест, соопштија од МВР.

Како што јави дописникот н МИА од Белград, М.С. (47) се сомничи дека како овластено лице на Центарот за геронтологија во Ниш не ги има преземено сите неопходни мерки и активности за да го спречи ширењето на заразна болест Ковид-19, што резултирало со зараза во оваа установа на 135 корисници на услуги и на четворица вработени, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

На осомничениот му е одреден притвор до 48 часа и тој со кривична пријава ќе биде приведен во Вишото јавно обвинителство во Ниш.