Уапсен државјанин на Албанија кој го нарушил јавниот ред во гостиварската болница „Ферид Мурад“

Албански државјанин вчера бил приведен од страна на полициски службеници.

– Вчера околу 17 часот и 20 минути, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го привеле 57-годишниот А.Б. од Република Албанија затоа што претходно го нарушил јавниот ред и мир во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, а и непријавено престојувал на подрачјето, соопшти МВР.

Тој е задржан во Полициската станица Гостивар за натамошна постапка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.