Уапсен е шефот на криминалната група одговорна за измама на стотици пензионери, соопшти Европол

Полицијата на Германија, Полска и Велика Британија со поддршка на Европол го уапсила шефот на криминалната мрежа одговорна за измама на стотици постари граѓани, соопшти денеска Европол.

Како што се наведува, осомничениот шеф на групата е приведен во близина на Лондон, од каде управувал со мрежа на измамници кои главно биле насочени кон германски и полски граѓани.

Во исто време, германската полиција изврши претреси на пет локации и заплени повеќе од 160.000 евра во готовина, златни прачки и накит.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.