Уапсен Германец осомничен дека отрул 22 колеги

Полицијата во градот Билефилд во северозападна Германија уапсила маж кој е осомничен дека отрул 22 свои колеги.
Во мај годинава 56-годишникот беше уапсен откако на снимките од видео-надзорот во фирмата во која работел се видело како во сендвичот на колега става сомнителен прав. Полицијата утврдила дека станува збор за олово ацетат во количества доволни за да предизвикаат сериозни оштетувања на органите.

Истрагата на полицијата почнала откако во компанијата во која работел осомничениот биле забележани „исклучително голем број“ на срцеви удари и канцери.

Откако ја пребарале куќата на осомничениот полицијата пронашла уште поопасни супстанции. Се верува дека уште двајца работници од компанијата „Шлос Холте-Стукенбанкер“ се болни поради труење.