Уапсен гостиварец кој ограби обложувачница

Полицијата уапсила гостиварец осомничен дека ограбил обложувачница, информираше МВР.

Станува збор за Б.Д.(45)  кој бил уапсен вчера во Гостивар.

Според полицијата, разбојништвото се случило во неделата околу 9 часот во една од обложувачниците во Гостивар. Осомничениот со закана со пиштол од вработениот одзел торба во која имало околу 140.000 денари, по што побегнал.

Разбојникот бил уапсен околу 15.40 часот, по што вечерта бил извршен претрес во неговиот дом. Полицијата таму пронашла еден пиштол „Рек Мајами“ модел 92F со калибар 9 милиметри, кој го поседувал без дозвола, како и предмети кои потекнуваат од кривичното дело.

Предметите биле одземени за понатамошна постапка, а против Б.Д. ќе биде поднесена кривична пријава.