Уапсен и четвртиот член на џихадистичките „Битлси“

Aine Davis (left), is believed to have been part of the Islamic State execution cell dubbed 'The Beatles.' Credit: Metropolitan Police/PA Archive/PA Images

Британецот Ејн Дејвис, осомничен дека е четвртиот член на терористичката ќелија позната како Исламска држава „Битлси“, е уапсен во средата во Велика Британија по обвинение за тероризам, пренесуваат британските медиуми.

Полицијата потврдила дека 38-годишен маж е приведен на аеродромот во Лутон во средата, откако пристигнал со лет од Турција, каде бил осуден за тероризам, пренесува BBC по пишувањето на повеќето британски медиуми.

Означен како „четвртиот битлс“, Дејвис е осомничен дека е член на групата лондончани за кои се тврдат дека е одговорна за грабнување заложници за ултрарадикалната сунтиска џихадистичка организација Исламска држава во Сирија, отсекување на главите на некои од жртвите пред камери и објавување на снимки од таквите грозоморни егзекуции на интернет.

Дејвис е обвинет дека бил дел од ќелијата киднапери и убијци на Исламската држава којашто грабнала десетици странски државјани во Сирија во периодот меѓу 2012 и 2015 година. Заложниците оваа терористичка четиричлена ќелија ја нарекле „Битлси“, поради нивниот британски акцент.

Полициските сили кои се занимаваат со истраги против тероризмот во Велика Британија, објави во соопштение дека на аеродромот во Лутон е уапсен маж кој моментално е во полициски притвор, но не го објави неговото име.

Портпаролот на министерството за внатрешни работи во меѓувреме во изјава соопшти дека британскиот државјанин бил депортиран од Турција во Обединетото Кралство, но дека е „непримерно да се даваат дополнителни информации, бидејќи полициската истрага е во тек“.

BBC објави дека претпоставува дека ќелијата „Битлси“ се состоела од четворица членови, кои сите пораснале во западен Лондон. Сите се пријавиле доброволно да се борат во редовите на Исламската држава во Сирија и биле чувари на западните заложници. Но американските власти ја сомничи групата убила 27 заложници, на некои од нив отсекувајќи им ги главите пред камери.

Медиумите за Дејвис пишуваат дека пред да се радикализира бил осудуван за кривични дела во врска со наркотици, а во 2006 година бил затворен поради посетување огнено оружје. Откако преминал во ислам, го променил името во Хамза и се запознал со Мохамед Емвази, кого медиумите го нарекоа „Џихади Џон“. Двајцата биле дел од групата која ги радикализирала муслиманите кои живеат во Лондон.

Дејвис од Британија отпатувал во 2013 година за да ѝ се придружи на Исламската држава. Бил уапсени во близина на Истанбул во 2015 година, а турскиот суд го осудил на две години подоцна за учество во терористичка организација. На судењето признал дека го познава Емвази од молитвите во иста џамија во западен Лондон, но негирал дека му е пријател и дека е член на групата „ИС Битлси“.

Водачот на ќелијата Мохамед Емвази, познати и како „Џихади Џон“, е убиен во Сирија во 2015 година во напад со дрон. Другите двајца членови на групата се во притвор во САД откако биле заробени од силите на Курдите во Сирија во 2018 година.