Уапсен и втор осомничен за исчезнувањето на британски новинар и бразилски стручњак

Бразилската полиција соопшти дека уапсила уште еден осомничен во истрагата за исчезнувањето на британскиот новинар Дон Фипипс и бразилскиот стручњак Бруно Переира, во прашумите на Амазонија во западен Бразил.

Во соопштението на сојузната бразилска полиција наведува дека привремено е притворен 41-годишниот Осение де Кошта де Оливеира, познат по прекарот Дош Сантош. Уапсен е поради сомневање дека му помагал на Амарилдо да Кошта де Оливеира со прекарот Пеладо, кој е уапсен минатата седмица во селото крај реката каде што исчезнатите мажи последен пат биле видени на 5-ти јуни.

Потрагата по Филипс и Переира се ближи кон крајот, бидејќи областа којашто преостанува за пребарување е сѐ помала, изјавил за Reuters портпаролот на автохтоната заедница Униваха, која од првиот момент трага по исчезнатите.

Переира, поранешен шеф во владината агенција за прашањата на домародните заедници Фунаи, тргнал на истражувачко патување со британскиот новинар Филипс, слободен новинар кој пишувал за The Guardian и The Washington Post а работел на книга за Амазонија. Биле во зафрлена област во џунглата во близина на границата со Колумбија и со Пери, каде што живее најголем број домародци на светот без контакт со современата цивилизација.

Бразилската полиција во неделата соопшти дека трагачите пронашле предмети кои им припаѓале на двајцата мажи во поток крај реката во близина на местото на коешто последен пат биле видени.