Уапсен капетанот на товарен брод што се судри со брод на грчката армија

Грчките власти денес го уапсија капетанот на товарниот кој брод под знамето на Португалија се судри со грчки воен брод во близина на пристаништето Пиреја.

Крајбрежната стража соопшти дека капетанот е уапсен за кршење на грчкиот кривичен законик и меѓународните прописи за спречување судири на море.

Бродот за пребарување мини на грчката армија беше преполовен во вчерашниот судир, што се случи додека товарниот брод беше на пат од Пиреја кон турското пристаниште Чанакале.

Двајца од 27-те членови на екипажот на грчкиот воен брод се пренесени во болница со полесни повреди, додека другите се евакуирани.

Нема пријавено оштетување на товарниот брод, како и повредени на кој било од 22-те членови на екипажот. Со бродот управува компанијата Џон Есбергер, чие седиште е во Германија.

Компанијата денес објави дека грчките власти ги испрашувале членовите на екипажот на товарниот брод и поднеле обвинение против капетанот.

„Точните детали за инцидентот што се случи вчераутро сè уште не се познати. Грчките власти ја продолжуваат истрагата, на која Џон Есбергер ќе им понуди целосна соработка“, соопшти компанијата.