Уапсен кондовец за убиство на скопјанец пријавен за исчезнат

Во понеделникот ноќта полициски службеници уапсија жител на скопското село Кондово, кој претходно признал дека пред една седмица извршил убиство над жител на Скопје кој бил привајвен за исчезнат.

Дваесет и едногодишниот жител на Кондово, идентификуван со иницијалите М.Т. во понеделникот околи 23 часот бил приведен од полициските службеници на Полициската станица Ѓорче Петров, откако претходно признал дека на 11 јули околу 21 часот во близина на селото го убил 57-годишниот М.М. од Скопје, чие семејство во меѓувреме го пријавило за исчезнат.

Полициски службеници по полноќ на посоченото место во близина на Кондово, го пронашле телото на убиениот. На местото на настанот извршен е увид во присуство на јавен обвинител.