Уапсен косовски државјанин на Долно Блаце, понудил пари да го почести полицаецот

Денеска (07.06.2022) на Граничен премин Долно Блаце, на излез од државата кон Косово, полициски службеници го лишија од слобода косовскиот државјанин С.Ј.(56). Тој управувал патничко возило комби „фолксваген“, со косовски национални ознаки, а при проверка на возилото, во него била пронајдена поголема количина на роба која ја превезувал, а за која не поседувал никаква документација. Притоа, тој му понудил на полицискиот службеник да го почести, ставајќи му пари во својата косовска патна исправа.

По ова С.Ј. бил приведен, а по документирање на случајот од страна на Одделението за прекуграничен криминал и миграции при Регионален центар за гранични работи Север против него ќе биде поднесена соодветна пријава.