Уапсен маж, физички ја нападнал сопругата

Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар вчера вечерта го лишиле од слобода А.Т.(35) од Гостивар.

Како што информираат од СВР Тетово, тој претходно физички ја нападнал неговата 34-годишна сопруга.

Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот.