Уапсен напаѓачот на лидерот на ЛДП

Полицијата го уапсила П.В. од Скопје, осомничен дека го нападнал и удрил пратеникот и лидер на ЛДП, Горан Милески на 25 март на плоштадот во Скопје, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во емисија на ТВ Канал 5 .

– Станува збор за  лице кое од порано и е познато на полицијата.  Лицето е приведено во полициска станица и согласно насоките на Јавното обвинителство ќе се постапува понатаму  во насока за целосно расчистување на овој настан и за откривање на мотивите- рече Спасовски, кој додаде дека нема да има толеранција за никакво насилство врз кој било граѓанин, политичар…

Министерот изрази благодарност до сите граѓани кои доставиле информации и податоци за лицето на фотографијата, која беше објавена во јавноста, и кое се поврзуваше со нападот на Милески