Уапсен напаѓачот на учениците во Пекинг

Еден маж е уапсен по нападот врз ученици во основно училиште во вторникот во Пекинг во кој се повредени дваесетина деца, објавија локалните власти.

Дваесетината повредени деца се пренесени во билницва, објавија локалните власти на општината Ксиченг на социјалните мрежи. Тројца ученици претрпеле сетиозни повреди, но се во стабилна состојба.

Властите на општината Ксиченг не објавија поединости од нападот, меѓутоа на социјалните мрежи е објавено дека станува збор за напад со нож. Полицијата засега одбива да го коментира инцидентот.

Ваквите злосторства се ретки во Кина, меѓутоа последните години беа регистрирани низа напади со ножеви и секири во предучилишни и училишни установи. Во јануари 2017 година маж на југот од Кина избоде 12 деца, затоа што неговиот живот не се одвивал според очекувањата и поради спор со соседот. Тој беше погубен минатиот месец.