Уапсен ограбувач на аптека

Полицијата уапсила скопјанец осомничен дека ограбил аптека, информираше МВР.

Станува збор за С.П.(32) против кого СВР Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека извршил разбојништво.

Осомничениот на 03.10.2018 година околу 20.50 часот во аптека на улица Лука Геров во Ѓорче Петров со закана со нож од вработената одзел 35.000 денари од касата, по што побегнал. По преземени мерки и активности, С.П. бил лишен од слобода на 12.10.2018 година. Во разговор со полициски службеници пријавениот го признал делото, а ги посочил и местата каде што ги фрлил предметите кои ги носел на себе при вршењето на кривичното дело. На 13.10.2018 година, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во домот на пријавениот, велат од МВР.