Уапсен осомничениот за експлозијата во Лион

(Photo by JEFF PACHOUD / AFP)

Француската полиција го уапсила мажот осомничен за минатонеделниот напад со бомба во Лион, кога беа повредени 13 лица, објави во понеделникот министерот за внатрешни работи Кристоф Кастанер на Twitter без да даде други поединости.

Снимките од камерите за надзор покажуваат делумно маскиран маж кој со велосипед дошолл пред пекарница во посетуваната пешачка зона на Лион и оставил торба со експлозивна направа. Единаесет повредени сѐ уште закрепнуваат во градската болница, а досега никој не ја презема одговорноста на експлозијата.

Случајот го истражува одделот за борба против тероризмот, имајќи ги предвид околносите во кои е изведен нападот: среде ден, како и изборот на експлозивот во кој имало и метални кугли и завртки, конципиран така да може да предизвика поголем број жртви.

Полицијата открила дека напаѓачот го користел експлозивот триацетон трипероксид (TATP). Извор близок на истрагата рекол дека од остатокот од бомбата се изолирани траги од ДНК.

Властите го засилија надзорот и заштитата на сите јавните површини по низата напади во последните неколку години ги извршиле исламистичките групи ширум Франција во кои се убиени неколку стотици луѓе, а уште повеќе се ранети.