Уапсен осомничен убиец баран со потерница-пукал во полицајците

1004

Лице осомничен убиец, по кое била распишана потерница денска е фатено и лишено од слобода, но притоа пукал кога полицајците сакале да го уапсат.

Имено, денеска на булеварот „Филип Втори Македонски“ бб на паркингот во непосредна близина на ТЦ Мавровка од страна на полициски службеници од ЕИП било забележано сомнително лице на кое кога му рекле да застане истиот се фатил за појас и извадил пиштол кој го изрепетирал и го вперил кон нив. Полициските службеници испукале два предупредувачки истрели во воздух, по што лицето се дало во бегство. Го фатиле, бил лишен од слобода и приведен во ПС Битпазар за понатамошна постапка.

Во ПС се утврдило дека се работи за лицето Еркам Шабани кој се барал по централни расписи по чл. 123 и чл. 396 од КЗ на РСМ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.