Уапсен пејачот Ар Кели, се сомничи и за детска порнографија

Американскиот пејач Ар Кели, добитник на Греми, е уапсен во Чикаго откако беше подигнато обвинение против него според 13 точки.

Популарната „Р&Б/ R&B“ ѕвездата се сомничи за злосторство од сексуална природа, соопшти портпаролот на американскиот обвинител Џозеф Фицпатрик.

Според него, една од точките во обвинението е и детска порнографија, поттикнување на малолетник на сексуален однос.

Адвокатот на музичката ѕвезда Стив Гринберг, за „Чикаго Сан тајмс“ потврдил дека неговиот клиент познатиот пејач е уапсен.

52 годишниот Кели по втор пат е уапсен годинава поради обвинение за сексуално злосторство.

Добитникот на Греми прв пат годинава беше уапсен во февруари според десет точки од обвинението за сексуално злосторство  во кое биле вклучени четири жени, од кои три биле малолетни, кога дошло наводно до злоставување.

Американскиот пејач тогаш се изјаснил како невин и пуштен е на слобода со кауција.