Уапсен поранешен НБА шампион

Поранешниот НБА шампион Иман Шамперт е уапсен на аеродромот во Далас откако во ранецот му била пронајдена марихуана.

Како што пренесува ТМЗ Спорт, во негова сопственост биле пронајдени над 170 грама наркотици поради што тој завршил како лице лишено од слобода.

Покрај марихуана бил пронајден и шаржер од Глок и 14  девет милиметарски куршуми, но не и пиштол.

Доколку биде прогласен за виновен му се соочува потенцијална казна од две години затвор и 10.000 долари.