Уапсен поранешниот НБА кошаркар Дејан Котуровиќ

Четириесет и едногодишниот поранешен НБА кошаркар Дејан Котуровиќ е уапсен на преминот „Богородица“.

Котуровиќ е уапсен откако од Грција сакал во државава да влезе со украден автомобил „хонда“. Тој веќе е во гевгелискиот затвор, каде ќе остане сè до завршување на истрагата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.