Поранешниот сопруг на Бритни Спирс уапсен

Поранешниот сопруг на Бритни Спирс, Џејсон Александер бил уапсен за возење под дејство на алкохол и наркотици.

Според полициските извештаи, 39-годишниот маж е задржан во полиција во Нешвил, Тенеси, САД, при што одбил да даде крв за анализа. По тамошните закони, тоа е прекршок. Потоа Александер бил ослободен со кауција од 2.500 долари и обврска да се појави на суд за три месеци.

Инаку, Бритни Спирс и Џејсон Александер се пријатели од деца. Тој стана познат во 2004 година, кога се ожени и се разведе од неа за нецели три дена, поточно – за 55 часа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.