Уапсен поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски

Вечерва е уапсен Владимир Атанасовски, поранешниот директор на УБК.

Неговото апсење доаѓа по вчерашното сведочење на браќата Стефан и Михаил Младеновски, кои давајќи ја својата одбрана, како обвинети за „27 април“, како еден од организаторите на упадот во Собранието го посочија Атанасовски.

На функцијата директор на УБК Атанасовски е од крајот на 2016 година до 16 јуни 2017 година, додека сè уште не беше почната истрага за организирањето на настаните на 27 април.